Угостителите ги поддржуваат измените во законот за заштита од пушење

Угостителите со поддршка за идејата да се овозможи пушење во кафулињата.

Велат тоа позитиувно ќе се одрази на потенцијалот за економски раст во угостителскиот сектор кој е важен чинител во макеоднската економија. Идејата ја даде прмеиерот пред два дена кога најави лиценци за кафулињата каде ќе биде дозволено пушење.

Овој предлог покрена лавина реакции во јавноста. Противниците само за еден ден собраа 4000 потписи против можноста со закон да се овозжможи пушење во кафулињата, според нив тоа би било враќање назад и не е европска практика.

Прмеиерот Заев пак рече дека пред да биде донесен законот ќе се отвори дебата и дека тој ќе биде по европски терк.

Од владата уште додаваат дека  во прв план ќе биде заштитата на здравјето на населението и дека нема да се носат избрзани одлуки.

Паралелно со дебатата за новото законско решение, во Собрание тече процедурата за измени на постојниот зкаон преку кој ќе се овозможи пушење на терасите и бавчите во зимски услови, односно ако се затворени со најлон.

Постоечкиот закон пак дозволува пушење на терасите и бавчлите само ако се тие отворени од три страни или немаат кров.