Удоволувањето на другите може да предизвика анксиозност и депресија

Жените се биолошки предодредени да се грижат за другите. Сепак кога задоволувањето на семејството и на пријателите ќе стане нагласено – во таа мера што почнува да ви го нарушува здравјето – време е за промена!

Седум знаци дека секогаш им удоволувате на другите

Ако заокружите само две тврдења, тоа значи дека физичкото и психичкото здравје ви се сериозно загрозени и би требало да се преиспитате

1 Пријателите секогаш ве фалат заради вашето трпение и подготвеност да ги сослушате додека ве оптоваруваат со своите проблеми.

2 Често велите ДА, и кога мислите НЕ.

3 Константно чувствувате вина заради неисполнувањето на туѓите желби.

4 Порадо би се чувствувале лошо отколку некого да разочарате.

5 Повремено сте толку оптоварени што ви се плаче.

6 Редовно ги употребувате зборовите МОРАМ и БИ ТРЕБАЛО.

7 Ретко им го кажувате своето мислење на другите.

ВЕЖБАЈТЕ ДА ИЗГОВАРАТЕ НЕ!

Во почеток, одбивајте помали работи. На пример, ако пријателите навикнале да доаѓаат на вечера кај вас, предложете им да се најдете во некое кафуле или ресторан. Кога ќе се уверите дека животот нема да пропадне заради тоа, ќе станете смели да го преземете следниот чекор. Кажете дека сте зафатени и дека заради тоа ја одложувате договорената средба. Следен чекор би бил правење список на приоритети. Размислете за тоа што најмногу ве усреќува, а потоа одвојте повеќе време за таа активност, на штета на други работи. Всушност многу е подобро добро да завршите само две обврски отколку сите, но лошо. Чувството дека сте постигнале нешто ќе ја зголеми вашата самодоверба повеќе од задоволувањето на другите луѓе. Значи, основен приоритет треба да биде она заради што ќе се чувствувате добро во сопствената кожа. Ако тоа значи помалку време за средување на куќата или за излегување со пријателите, нека биде така. Сепак ви сте си најважни!