Откако ќе стекнат со факултетска диплома, а сè уште немаат работно искуство малдите на прашањето колкава плата очекуваат, сметаат дека ќе заработуваат околу 20.000 денари.

Некои од нив се додека не почнат активно да бараат работа и да одат на интервјуа, имаат нереални очекувања за висината на платата.  Велат дека според  стандардот во Македонија, плата колку просечната ќе биде доволна за еден млад човек.  

„Јас сум студент на Економски факултет во Скопје. По завршување на факултетот се здобивам со титула дипломиран економист со кој ми се отвараат врати кон успешно вработување во тој сектор. Во зависност од работното место варира и личниот дохот за оваа позиција. Таа најчесто се движи од 20 000 денари. Како што веќе споменав во зависност од работното место“ – вели Ангелина.Б. студент.

Девојка која студира веб дизјан вели дека има млади луѓе кои се способни иако се почетници,  но праксата е потребна.

„Не треба да биде платата помалку од 30 илјади денари. Секој почетник колку и да учел не може да има многу  знаење се додека тоа не го примени во пракса, но некако кај нас работодавеците ја немаат таа практика.Во странство, е повеќе платена“ – вели таа.

Невработеноста кај младите во Македонија е речиси двојно повисока од останатите и таа достига околу 40%. Од друга страна пак и неактивноста кај младите лица е значително повисока. Поголема невработеност има кај лица со завршено средно образование, споредено со лица со завршено високо образование.

-Мојот син заврши Машински факултет, работеше во неколку фрми.На последното работно место работеше хонорарно, му се отвори можност да замине кај својот другар во Германија.Во моментов работи во маркет, и чека подобра прилика за да си најде работа од својата струка, вели, Василка.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2017 година изнесува 22 889 денари, а бруто е 33 640 денари.

Младите во земјата кои немаат работа се соочуваат со долги периоди на барање на вработување. Учеството на невработените млади лица на возраст од 15 до 29 години, кои бараат работа повеќе од една година, изнесува 34.2% од вкупниот број на долгорочно невработените лица во 2016, објави ДЗС по повод 12 август – Меѓународен ден на младите.

Околу 10% од вработените во Македонија работат само со устен договор или без никаков конкретен договор, додека 25% од невработените се подготвени да работат без договор.

За потсетување, мерката Младинската гаранција значи во одреден период државата да финансира директно пари за бруто-плати на млади луѓе кои завршиле образование и се подготвени да се обучуваат или трајно да се вработат. За бизнис-заедницата тоа ќе значи бесплатно подготвување кадар, обучување на претходно теоретски подготвените млади луѓе, со намера, ако навистина вредат, да добијат трајно вработување и да биде искористен нивниот потенцијал-кажа премиерот при соопштување на овој сет мерки минатата година.