Ученик завршил со убод во вратот по тепачка во основно училиште

Вчера околу 09.00 часот во Скопје,  во Основно училиште „Петар Здравковски - Пенко“, настанала тепачка помеѓу двајца ученици на 15-годишна возраст од Скопје.

Во тепачката еден од учениците бил повреден со нож во пределот на вратот.

На ученикот му била укажана лекарска помош во Клинички центар Скопје, каде му била констатирана телесна повреда,  по што бил пуштен на домашно лекување.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.