Шеснаесетгодишник од Скопје доби кривична пријава поради сомнение дека на 24 март околу 13.30 часот во училишниот двор на С.У.Г.С „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје физички нападнал друг 16-годишник од Скопје.

Тинејџерот го удирал својот врсник со нозе и со тупанци по главата и телото, кој од нападот се здобил со тешки телесни повреди.