Ученик од Скопје: Мајка ми е служителка во училиштето каде што учам – богатите деца ме омаловажуваат секојдневно

Милан  е петто одделение  во едно од скопските училиша. Тој е добар ученик, убаво воспитано дете, кое знае како да ги цени работите во животот.

Живее нормален живот. Има помало братче. Татко му вози такси низ Скопје, а мајка му е служителка во училиштето каде што учи тој.

Тој не се срами од своите родители, не се срами од себе. Благодарјќи на нив, тој е сега она што е, и покрај тоа што има само десеттина години. Паметно дете, кое со сигурност ќе прерасне во една добра и разумна личност.

Милан, ја раскажува својата приказна. Уште од самиот почеток на своето школување, тој се најде во одделение каде што има деца, речиси сите на богати родители. Не вели за сите, но поголемиот дел од нив, не знаат да го ценат животот. Едноставно уште од самиот почеток се научени дека тие се деца на богати родители.

Уште од самиот почеток, јас бев прдмет на исмејување, бидејќи мојата мајка е служителка. Нивните мајки се госпоѓи, кои имаат убаво работно место, или пак воопшто не одат на работа, бидејќи нивните татковци земаат високи плати. Јас не се срамам од мојата мајка. И мајка ми е жена, со факултетска диплома, но ете. Нема работа според нејзината струка, па цел живот работи како служителка. И не се жалам. Имаме дома за се што ни треба. Можеби не живот како нив, но пред се, знаеме како да цениме.

Ме боли кога гледам дека намерно расфрлуваат по училницата. Кога намерно фрлаат на подот се што ќе им дојде до рака, наместо во канта. Ме гледаат во лице и ми се смеат. “Ќе дојде мајка ти и ќе исчити”...

И со неа се однесуваат многу лошо кога ќе ја видат по ходниците како чисти. Ме исмејуваат дека и мене метлата и кофата не ми бега. Не ме навредува тоа. Знам кој сум и до каде ќе стигнам. Јас учам сам, и сам сум заслужен за моите оценки, додека тие оценките ги добиваат благодарјеќи на мама и тато.

Кога некое од нив ќе има некоја прослава или роденден, мене никој не ме поканува. Со чест на исклуоци. Некои кои знаат што е вистински другарство.

Не им дозволувам да ме изнервираат. Повеќе се нервирам кога ќе видам дека мајка ми ја дираат. Таа е жена, борец, мајка. Мајка, која ги учи децата дека нишо не е во парите и дека секој заработен денар на чесен начин е добар.