Учениците в сабота се на училиште

Утре 30 март ќе биде работен ден за училиштата. Ќе се одработуваат часови според распоредот за вторник.

Овој ден се обработува заради пропуштената настава од 22 јануари, кога поради загадениот воздух, учениците имаа продолжен распуст.

Дополнувањето на Календарот за организација и работа на основните училишта е објавено денеска во „Службен весник“.