Учениците од четвртите одделенија од Аеродром го посетија градоначалникот Марин

Во рамките на реализацијата на наставните содржини со кои е опфатено изучувањето на локалната самоуправа, учениците од четвртите одделенија од основните училишта од Аеродром го посетија градоначалникот Златко Марин.


На средбата децата пројавија интерес за работењето на Општината, за организациската структура и за работните задачи на вработените. Дел од учениците прашуваа на кој начин се избира градоначалникот, кој може да се кандидира и кој гласа.