Учениците мрзнат, општината должи пари за греење

Учениците од училиштата на територијата на Општина Чаир обвинуваат дека премрзнуваат поради тоа што општината ги нема подмирено сметките за парно греење.

Жителите на Чаир, бараат Општинските власти под итно да превземат нешто по прашањето со греењето во училиштата. Имено, според документ објавен од претпријатието за топлификациј „Скопје Север“, Општина Чаир има неподмирен долг во износ од половина милион евра.

Од таму, се закануваат дека од денес, со греење ќе престанат да ја снабдеваат целата територија на општината, вклучувајќи ги јавните објекти и домаќинствата. Жителите пак, се закануват дека своите деца нема да ги пуштаат на училиште доколку ситуацијата не се реши.

Документот кој го објави извесна телевизија „Шења“ наведува дека долгот е заостанат од минатата година и заедно со каматите изнесува околу 500 илјади евра. Во него се споменува и исклучување од грејната мрежа на целата општина започнувајќи од денес (7-ми ноември).