Учениците и наставниците на настава без мобилни, засега само во Ѓорче Петров

Од 1 февруари во сите основни училишта во Ѓорче Петров, учениците и наставниците пред почетокот на часот ќе треба да ги оставаат своите мобилни телефони во специјално изготвените џебови.

– Џебовите ќе бидат нумерирани со бројки по дневник на учениците. Целта е непречено одвивање на наставниот процес. За наставниците кои нема да ги почитуваат насоките, следува дисциплинска мерка – информираат од општина Ѓорче Петров.