Учебната година ќе започне, а еве колку чини подготовката на еден ученик за првиот училишен ден

За неколку дена почнува новата учебна година, а со тоа и трошоците на родителите за подготовка на своите деца за училиште.

Според пресметките за целосна подготовка на еден ученик за во училиште на четврти септември родителите треба да одвојат најмалку 100 евра за еден ученик. Тука влегуваат минималните трошоците за ранец, школски прибор и облека. 

Треба да се купат, тетратки, блокчиња, острила, моливи, гуми, разни боички и др. школски прибор, потоа ранец, маички, панаталони, тренерки, патики. Ранците се на прво место и ги има во разни големини и бои, и секако цени кои се движат од 500 за оние со послаб квалитет , па до оние подобрите и секако брендираните кои се движат до 3.000 денари. 

За школскиот прибор кој опфаќа тетратки, блокчиња, разлини видови боици, фломастери, лепила, ножички, колажна хартија и други работи родителите ќе мора да издвои од 1.000 до 2.000 денари. Облеката е дополнителен трошок. Иако се уште е топло сепак за нови чевли, јакни, патики, маички, фармерки родителите ќе треба да одвојат најмалку 2.000 денари. 

За оние родители со подлабок џеб трошоците за првиот училишен ден не се проблем, но оние со минимални примања ќе треба да направат големи напори за да им ги обезбедат сите потреби на своите деца за почетокот на учебната година. Со бесплатното образование, Министерството за образование на учениците од основните и средните училишта им обезбедува само учебници. 

За се друго што им е потребно на учениците родителите треба сами да се справуваат. За некои почетокот на учебната година носи голема радост, но на некои тага. Како и да е, сеедно скапо или евтино, учениците се тие што ќе треба да ги оправдаат направените трошоци со учење и постигнување на резултати.

 

Извор: емагазин.мк