Убиство во Скопје: Маж пронајден заврзан со кабли приклучени на струја

Триесет и осум годишен скопјанец е пронајден убиен во сопствениот дом утринава.

Случајот во полиција бил пријавен од страна на екипа од Итна медицинска помош утринава околу 9 часот и 15 минути, а телото на починатиот било пронајдено во неговиот дом на улицата „Бутелска“, обвиткано со кабли приклучени во струја и облеано со крв.

Телото на убиениот е пренесено на обдукција, а полицијата презема мерки за расветлување на случајот.