Убиство вчеравечер го потресе Скопје

Едно лице загина, а друго се бори за живот по престрелката во скопската населба Топанско, општина Чаир, дозна КУРИР.

На прометно место во овој дел на градот вчера се случи крвава престрелка.

Идентитетот на убиениот не е познат, а во престрелката тешко е повреден Л.Ќ. и тој со возило на итната медицинска помош е пренесен во ГОБ Св. Наум Охридски.