Убавината на жената се огледува во нејзините очи...

За атрактивни усни – говорете љубезно.
За прекрасни очи – гледајте во она што е добро во луѓето.
За добра линија – делете ја храната со гладните.
За убава коса - дозволете им на децата секојдневно да поминуваат со своите прсти низ неа.
За добро држење – одете со знаењето дека никогаш не сте сами.

Убавината на жената не е во облеката која ја носи, нејзината фигура и фризура.

Убавината на жената се огледува во нејзините очи, затоа што тие се вратата што води кон нејзиното срце, местото каде што почива љубовта.

Убавината на жената не е во нејзината надворешност, вистинската убавина на жената зрачи во нејзината душа. Тоа е вниманието кое таа несебично го дава и љубовта која ја покажува.

Убавината на жената се зголемува како што проаѓаат годините.

Одри Хепберн