Од утре на репертоарот на кино Милениум, една од најубавите бајки, во играна адаптација дизниевиот „Убавицата и ѕверот“ е играна адаптација на анимираната класика, која ликовите од оваа бајка ги преобликува за модерната публика, но останува верна на оригиналната музика и ја дополнува со неколку нови песни.


Ова е бајковита приказна за патувањето на Бела, паметна, убава и независна млада жена, која е заробена од ѕверот во замокот. И покрај стравот, таа ќе се спријатели со маѓепсаните слуги во замокот и ќе научи да ја надмине одвратната надворешност на ѕверот и ќе сфати дека во него се наоѓа вистински добродушен принц.