Убави собни растенија кои не сте ни знаеле дека постојат

Веројатно можете да процените кактус од прв поглед. Можеби и љубичиците. Постојат одредени растенија кои сите љубители на собни цвеќиња ги знаат, но има и некои кои изгледаат прекрасно, а не сте ни знаеле дека постојат.

Маримо мов

Тие се одлични за аквариуми и простори кои често се наводнуваат. Ги впиваат токсичните состојки од природата. Тие изгледаат како топки од алги кои всушност и повеќе наликуваат на мов, но не се ни едното ни другото. Особено популарни се во Јапонија.

Живи камења

Нивното име произлегува од тоа што навистина наликуваат на камења. Тие доаѓаат од фамилијата на кактуси и можат да се најдат во пустините на Јужна Африка.

Делфин кактуси

И нивното име произлегува од тоа што наликуваат на делфини. Тие имаат многу мали листови како делфини кои скокаат во воздух.

Трахиандра

Делуваат како мали превиткани цевки кои се заглавени во земја и каменчиња, но всушност постојат и најчесто можат да се најдат во Источна и Североисточна Африка.

Роза кактус

Тие се кактуси кои се многу ретки, но кои вистински наликуваат на роза. Нивното латинско име  еGreenovia Dodrentalis и тие делуваат многу бајковито и магично.