Убави мисли од Fight Club

Fight Club e познатиот филм базиран на многу популарната книга на Чак Паланик. Тој раскажува за животот, луѓето и оштеството. Во својата суштина, Fight Club потсетува на поврзаноста на општеството со парите, материјализмот и другите плитки нешта.

Ова се некои убави реплики од овој филм:

* Нештата кои ги поседувате всушност завршуваат поседувајќи ве вам.

* Можеме да направиме сè откако ќе изгубиме сè.

* Ти не си твојата работа. Ти не си твојата сметка, или парите кои ги заработуваш. Ти не си автомобилот кој го возиш. Ниту пак тоа што ги имаш во својот паричник. Ти си сето музикално, танцувачко срање на овој свет.

* Без болка, без пожртвуваност немаме ништо.

* Нашата депресија се нашите животи. Пораснати сме да веруваме дека еден ден ќе станеме милионери, телевизиски богови и рок ѕвезди. Но нема да станеме. И бавно го сфаќаме тој факт. И, многу многу сме исфрустрирани.

* Можеби самоподобрувањето не е одговор, можеби одговорот лежи во самоуништувањето.

* Ако се разбудиш во различно време на различно место, можеш ли да се разбудиш како различна личност?

* Заборави сè што знаеш. Треба да заборавиш сè што знаеш –тоа е твојот проблем. Заборави сè што мислиш дека знаеш за животот, пријателствата, но и за мене и тебе.

* Секоја вечер умирав, и секоја вечер се раѓав повторно.

* Колку можеш да знаеш за себеси ако никогаш не си бил во борба?

* Не сме специјални. Не сме ѓубре, ниту пак срање. Само сме. Само сме. И тоа што ќе се случи, ќе се случи.