Убави места со топла атмосфера: Кафулиња во Скопје кои го заслужуваат вниманието

Скопје е град во кои што живеат луѓе со културни и урбани навики. Град во кој луѓето уживаат во убавото кафе и сакаат голем дел од времето да го поминуваат со своите пријатели во мирна, тивка и опуштена атмосфера. 

Ова се неколку такви места кои што го заслужуваат нашиот почит и вашето внимание. 

Концепт 37

Концептуалниот кафе бар Концепт 37 претставува простор кој ќе ги собира креативците од сите области. Тука ќе се споделува знаење и ќе одржуваат бројни настани за арт и дизајн, мода, музика, книги, адвертајзинг, архитектура. Во склоп на кафе барот се наоѓаат изложбениот простор и мини библиотеката.

Локација: Франклин Рузвелт бр. 37

 

Кафе ли

Прекрасен амбиент, одлично кафе и добра книга можете да најдете во кафе Ли. И не само тоа: позитивени луѓе, ведар дух и расположение и секако најубавиот и највкусен салеп во градов. Речиси да нема скопјанец кој не слушнал и не го знае овој локал.  Ако не спаѓате во оваа група, топло ви препорачуваме да го посетите.

Локација:  Атинска бр.23 локал 7

 

Брик Бар

Сместен далеку од градската гужва и метеж, покрај кејот на Вардар Брик Бар е одлично место за убав дневен состанок или пак се релаксирачко вечерно уживање.  Локалот е опремен со посебно дизајниран мебел кое го прави ова место посебно и навистина прекрасно.  Во склоп на локалот функционира и делот за јадење, Twins Kitchen and Wine – одлично место за храна и вино.

Локација: улица 1732 бр.4 (Парк резиденс, градски стадион)

 

Cofee Factory

На тема кафе и уживање и убава опуштена атмосфера не смееме да ja пропуштиме новоотворената кафетерија која се наоѓа во центарот на градот.  Одлично концепиран локал, со услужен персонал и голем избор на кафе. Сместен во градското лудило, уживајте во топлата амтофера и правете конверзација со кафето до вас. 

Локација: Аминта трети

 

Излет

Излет Кафе се наоѓа во центарот на Скопје, во близина на Грчката амбасада. Пријатен амбиент со прекрасна летна тераса, одлично место за дружење и убаво кафе.  Убаво место за искулирано и релаксирано кафе или пак пиво со пријателите.

Локација:  Мирослав Крлежа бр.25