Убава вест за сите кои за велигденските празници ќе заминат во Охрид

ЈП „Билјанини извори“ ги известува граѓаните на Охрид и сите оние кои за велигденските празници ќе престојуваат во градот, дека на 16 април, по повод христијанскиот празник Велигден, наплатната служба на паркинг просторот со кој стопанисува претпријатието нема да работи и паркирањето ќе биде бесплатно за сите.

ЈП „Билјанини извори“ на сите христијани им го честита најголемиот христијански празник Велигден и им посакува многу здравје и бериќет во нивните домови.