Убава, а сама – проблемот на многу современи девојки

Понекогаш изгледа како најголем проблем на убавите девојки да е нивната убавина. Наместо да им претставува помош, за многу од нив тоа претставува товар.

Најубавите девојки градат кули и градови околу себе и се убиваат себеси во љубовта кон самите себеси. Од мали се навикнати на комплиментите за тоа дека се најубави и на добриот и посебен третман, но и на совршената слика која ја развивале во својот ум додека растеле. Тие го бараат принцот на белиот коњ, оној кој ќе ги спаси од нивните неволји, кои никогаш нема да згреши кон нив, кој ќе ги третира како принцези. Но, таквиот принц не постои. А, и тие самите не се принцези.

Вложуваат многу во својата надворешна убавина, сакаат да бидат моќни, да се допаднат секаде каде и да се појават. Луѓето да ги чекаат со отворени врати, со подзинати усти. Во сета таа борба, забораваат на она внатрешното, забораваат да вложуваат во својот карактер, мудрост и дух. Како што минуваат годините, тие почнуваат да ја сфаќаат својата немоќ. Доаѓаат нови девојки, нови генерации, млади и убави, се менуваат трендовите и вкусовите. Популарното преку ноќ станува нешто нормално и обично. Старите приказни веќе не важат.

Посветувајќи се на своето тело и убавина, тие заборавиле што значи да се вложува во својата личност. Од каде да почнат сега? Колку е голем бројот на ваквите девојки, кои се разочарани и длабоко несреќни, кои се трудат да го прикријат тоа, кои се претставуваат како најдобри и обожавани, а се многу осамени.

Не постојат многу нешта кои можат да ја пополнат нивната празнина, бидејќи тие целиот живот граделе идеја за нешто што сакаат да го имаат, а не го добиле. Можеби дел од нивните другарки го добиле тоа во некоја форма, можеби само изгледа така. Но, веќе се чувствуваат како да не можат да се борат понатаму. Многу нешта ги болат и ги провоцираат. Наместо страст за животот, се раѓа страв од него. Сите нешта стануваат лажни, напнати и веќе прераснати.

Голем дел од нив го живеат животот како манекенки и музички ѕвезди, постојано следејќи ги модните трендови, постојано фатени во тренд со брендовите. Не ни сметаат воопшто дека не можат да го живеат животот така целиот живот. Не ни размислуваат за тоа дека физичкиот изглед не може сам по себе да биде инструмент за остварување профит, за некаква финансиска добивка, креирање начин на живот и псхологија на живеење.

Можеби некогаш ќе научат колку е важна и внатрешната убавина, колку е важно што имаш во умот и душата, и колку малку шминка некогаш треба со некои личности. Можеби и ќе научат дека пренагласанета шминка, недопирливост и ароганција и однесување по пример на ѕвездите нема да ги однесат предалеку. Потребна е љубов и вистинска поврзаност со луѓето околу нив.

Кого всушност се обидуваат да го заведат? Кому сакаат да му продадат некаков модел на однесување? Дали мислат дека светот постојано ќе се поклонува пред нив?

Престанете да бидете робови на трендовите, престанете да бидете робови на самите себеси. Убаво е она што е лесно, спонтано и длабоко. Важна е радоста и насмевките. Добро е она што оплеменува, што ни дава причина да живееме. Важна е личноста која сака да не сака и љуби сега секогаш ои понатаму. Најубаво е она што подобри и посреќни.