Уапсени неколку наркодилери

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 15:20 часот го лишиле од слобода С.К.(25) од Скопје затоа што при извршен преглед, на подрачјето на Бит пазар, кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 15:30 часот на бул.„Илинден", го лишиле од слобода Д.В.(19) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. 

Исто така вчера во 20:40 часот  на улицата „Индира Ганди" во Скопје, го лишиле од слобода Н.Б.(20) од Битола затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. 

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 21:15 часот на улицата „Индира Ганди" во Скопје, го лишиле од слобода С.Д.(21) од Велес кај кого за време на воведената мерка за ограничено движење била пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат од МВР.