Уапсен Д.М.(48) од Скопје кој претходно нападнал полицаец

На 30.03.2020 во 21.45 часот на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(48) од Скопје, бидејќи при сообраќајна контрола на патничко возило „киа“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(42) од Скопје, во кое сопатник бил Д.М., истиот физички нападнал полициски службеник.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.