Тутун, компир и пченка најмногу се сади на македонските ниви

За пет проценти е зголемено производството на тутун, за 4,3 проценти на компир, а на крмната пченка за 61,4 проценти во минатата година споредено со 2015 година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Поголемо намалување во производството статистиката евидентира кај оризот, сончогледот и краставиците.

Во 2016 споредено со 2015 година има намалување во производството кај сите видови овошја, освен кај праските.

Статистичките податоците покажуваат дека лани во однос на 2016 година земјоделските површини се зголемиле за 0,2 процента. Кај обработливата површина има зголемување за 0,6 проценти кај ораниците и бавчите, кај овоштарниците за 1,8 проценти, а кај лозјата за 1,6 проценти. Намалување за 0,1 процент има кај пасиштата.