Шекспировата драма „Отело“ во изведба на Турскиот театар на 22 февруари, среда, со почеток во 20 часот ќе биде прикажана во „Театар Комедија“…
Претставата е во режија на Дејан Пројковски, а играат актерите од Турскиот театар.
Отело го толкува Џенап Самет, Дездемона ја игра Сузан Акбелге, во улогата на Јаго е Селпин Керим, Касио го игра Осман Али, Емилија ја толкува Зубејде Али и како Родриго се појавува Неат Али. Кореографијата е на Олга Панго, музиката на Горан Трајковски, сценографијата е на Татјана Христоска-Блажевска, а костимите на Тања Кларис. Преводот го изработи Оздемир Нутку, а за кунгфу мајсторските потези помогна Влатко Здравковски.
Претставата се изведува на турски јазик со титлови на македонски јазик.