Туристите во Македонија сакаат да посетуваат цркви, манастири, да спијат во селски куќи и да јадат традиционална храна

Македонија може да се пофали со многу убави и стари цркви и манастири. Нивната местоположба и изглед придонесуваат да бидат привлечни за странците. Свети Наум во Охрид, Свети Јован Бигорски, Свети Јоаким Осоговски, Лесновскиот манастир се само мал дел од она што Македонија го нуди.

Со оглед на тоа што постојано се зголемува бројот на туристи кои ја посетуваат државата, слободно може да се каже дека туристите ја сакаам Македонија.

Странските туристи кои доаѓаат во Македонија сакаат да посетуваат цркви, манастири, да спијат во гостински куќи во селата и да јадат автентична македонска  традиционална храна.

Најмногу тури во последно време има со гости од Турција. Станува збор претежно за средовечни луѓе. Странците, генерално гледано, најмногу се интересираат за посета на Скопје и Охрид

Во последно време е зголемен бројот на туристи заинтересирани за Македонија, односно на оној тип луѓе кои самостојно истражуваат на интернет, барајќи места за патување.

Според видот на туристичкото место каде што престојуваат, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека најмногу од странските гости спијат во Скопје, во хотели со пет и со четири ѕвездички.

Потоа следуваат другите туристички места, планинските места и бањите, што се на последно место според посетеност.