Тунелчето кај Ванила, ноќната шема од седумдесетите: Бакнеж на јавно место беше престиж пред другарите

Седмо и осмооделенците беа предгрупи на корзото од седумдесетите. Тие на корзото се движеа од 18 часот - дома мораа да се приберат во 20 часот.

Малку постарите корзото го започнуваваа од 19 часот - шемата на корзото беше до 21 часот, потоа се одеше во некој од кафеаните, летните тераси пред Стоковна куќа и пред сегашен Пелистер ... Летно време популарни беа кафеаните во скопскиот парк Кермес, Езерце и Кампинг ... Дома мораше да се вратиш  пред 12 бидејки последните автобуси поаѓале во 24.00 часот а фајронт беше во 23.00 часот ...

Корзото  било сконцентрирано на плоштад на страната од кај некогашниот Кенон.Се собиравме во помали друштва и правевме свое кругче ... муабетевме ... попат кибициравме некоја од девојките кои шетаа во помали друштва ... тие секојпат шетаа за да бидат видени и да видат ... шетавме и ние ... ќе здогледаш некоја девојка која ти се бендисува, земаш еден другар и се пуштате во акција кај девојките кои се шетаат пред тебе ... се дофрлуваше ... имаше иљада начини како да започнеш муабет ... по долго дофрлување и акција „зидот“ попушташе и се остваруваа контакти ... фаќање за рака беше врвен дострел ... бакнеж на јавно место веќе значеше дека сте пар и беше престиж пред другарите .

Првите „мувања“ со девојка (пострасни бакнежи и пипање по нејзините гради ...) се случуваа во некој потемен простор ... вообичаено се случуваа на места како местото од мојата приказна во некое блиско тунелче, на некоја клупа од паркот на која нема многу светло во околината ... ретко многу ретко во домашни услови ... не ретко вакни искуства се случуваа и на кино. Покасно за вакви „дејанија“ се оформуваа клубови - клупчиња каде се пушташе музика на грамофони ... плочи беа реткост и вистинско багатство ... музика, рокенролот се нарачуваше по пошта од Лондон ... во Југотон (продавниците за музичка опрема и плочи ...) имаше само домашна музика ... Вистинко богатство беше грамофон кој симаше специјални звуќници ...раскажува еден стар скопјанец.