Тротоарите станаа паркинзи, булеварите станаа тркачки писти...

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 19,55 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и булеварот „Св. Климент Охридски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистерски таблици управувано од Б.Т.(29) од Скопје и патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици управувано од К.И. (65) од Скопје, при што настрадал и пешакот Д.Б. (65), кој се здобил со тешки телесни повреди.

Ова беше причина за @SkopjeSmogAlarm на социјалните мрежи да објави твит во кој ја обвинуваат полицијата дека целосно потфрлила кога е во прашање безбедноста на граѓаните. Тротоарите станаа паркинзи, булеварите станаа тркачки писти, полицајците станаа неми посматрачи...

Тие прашуваат до кога ќе се толерира ваквата состојба. Прашањето е поставено до Министерот за внатрешни работи, Владата на Република Македонија, Мисијата на ЕУ во Скопје и Министерството за внатрешни работи.