Тројно уживање

Најубавиот колач во нова верзија.


Бисквит:

6 лажици шеќер
50 мл масло
100 мл минерална вода
4 лажици, печени, мелени лешници
150 г брашно
1 кесичка прашок за печиво

Крем:

600 мл млеко од соја или ориз (може и бадемово…)
10 лажици шеќер
2 кесички пудинг од ванила
малку арома од ванила
200 г маргарин
100 г посно чоколадо

Плус:

околу 200 г посни бисквити
малку млеко (оод горе споменатото) за натопување на бисквитите
малку арома од рум или ванила (по желба)
Глазура:
100 г посно чоколадо
3 лажици вода
3 лажици шеќер
50 г маргарин

Подготовка: 

Во сад за месење исејте го брашното со печивото, додајте ги мелените лешници, шеќер, масло и минерална вода. Се’ убаво измешајте со лажица и истурете во плех (28х33 см) покриен со хартија за печење. Ставете во рерна загреана на 200 степени и печете додека не поцрвени.

Млекото направете го според упатството на кутијата. Половина литар ставете да зоврие со шеќерот а во остатокот разматете го пудингот. Кога млекото ќе зоврие тргнете го садот на страна, додајте го пудингот, убаво измешајте и вратете на рингла и варете уште околу 5 минути додека убаво не се згусти.

Филот поделете го на два дела. Во еден додајте го искршеното чоколадо и мешајте додека не се истопи. Во вториот дел додајте малку арома од ванила и измешајте. Двата крема покријте ги со прозирна фолија и оставете да се изладат.

Омекнатиот маргарин изматете го пенесто и во секоја половина од кремот додајте половина од маргаринот (кога кремот ќе биде ладен), убаво изматете да добиете воздушеста смеса.Испеченото и изладено тесто намачкајте го со жолтиот фил, израмнете па нанесете ги натопените бисквити, над нив нанесете го црниот крем, а на него глазурата од чоколадо.

Украсете по желба. Скопје