Тројца скопјани фатени со марихуана во „Сеат Леон“

Синоќа околу 22 часот во с. Горно Нерези, скопско, полициски службеници на СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.С.(21), Д.Ш. (23) и Г.С.(22), сите од Скопје, поради тоа што при нивен и преглед на патничко возило „сеат леон’’ била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.