Тројца насилници со нож нападнале и ограбиле тинејџер

Околу 21 часот се одвивала драма во Скопје, на улицата 11-ти Октомври. 47-годишната Б.К. од Скопје, се јавила во полиција и пријавила дека истиот ден на улицата три непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво над нејзиниот седумнаесет годишен син при што му одзеле 900 денари. 

Се превземаат мерки за откривање на насилниците.