Тројца малолетници се обиделе да ограбат продавница во Скопје

СВР Скопје поднесе кривична пријава против тројца малолетници од Скопје (на возраст од 17, 15 и 14 години) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“.

На 8 октомври година пријавените влегле во продавница на ул. „АСНОМ“ и со закана со нож од вработената побарале пари. Кога од задниот дел излегол сопственикот, двајца од малолетниците избегале, а 15-годишникот бил задржан до доаѓањето на полициските службеници. Подоцна, и останатите двајца малолетници биле обезбедени и со нив биле извршени службени разговори.