Тројца кадети во КПД Идризово се затруле со храна

Тројца слушатели на основната обука за полицајци во КПД Идризово утрово завршиле на Клиничкиот центар во Скопје, откако претходно се пожалиле на тегоби во стомакот.

„Околу осум часот на неколку слушатели кои се на обука во КПЗ Идризово им се слошило. Во меѓувреме, уште неколку лица се пожалиле на тегоби и повикана е Итна медицинска помош“, информираат за Макфакс од МВР.

Од Итната медицинска помош нè информираа дека сите кадети кои се пожалиле на влошена здравствена состојба, само кај тројца од нив е констатирано труење од храна.