Трка низ улиците на Скопје "Вози Право-Вози Здраво”

Оваа година на 20ти мај ќе се одржи пролетна ревијална трка низ улиците на Скопје.

Како и претходните години, Скопје ќе биде на тркала, а предвидено е да има многу забава, музика и многу вредна лотарија. Среќните добитници може да освојат Go Pro, Fixie велосипед, hover board-и, велосипеди и многу други вредни подароци и изненадувања.

По завршетокот на трката со пристигнувањето во градскиот парк предвидено е да следува музика, забава и многу други изненадувања како и извлекување на наградите од лотаријата.

Стартното место е од Порта Македонија, на 20 мај од 12 часот, а целта е да се пристигне до
Градски Парк.

Онлајн регистрација за учество во ревијалната трка е најдоцна до 19 мај.

Регистрација пред стартот на трката може да се направи и во саботата на 20 мај од 11 часот на обележаните штандови пред Порта Македонија од каде може да се подигнат и редните броеви на веќе регистрираните учесници.