Триумфалната порта во Париз обоена во боите на Македонија (фото)

Пред почетокот на актуелното машко Светско ракометно првенство кое ќе се одржи во Франција, организаторот на уникатен начин го започна последното одбројување до стартот.

Вчерaвечер Триумфалната порта во Париз е во знакот на Мундијалот со оглед на тоа што е обоена со боите на сите 24 ракометни нации кои наизменично се менуваат. Меѓу нив секако се и националните бои на Македонија, жолтата и црвената.