Трик кој ќе ви помогне да се движите по снегот без да паднете

Снегот е неизбежен во зима, но со него се јавуваат и проблеми кога треба да се оди некаде.Падот на мраз или снег никако не е пријатен, но за повозрасните е и посебно опасен, бидејќи кај нив коските се многу послаби. Овој трик ќе ви помогне за оваа, а и секоја следна зима, да ја избегнете токму посетата на ортопедот.

Движете се како пингвин

Кога ќе стигне следниот мраз, обидете се да се движите како пингвин. Таквиот начин на движење ќе ви помогне за центарот на рамнотежата да биде во ногата којашто прави исчекор. И секако, влечете ги нозете по површината, а рацете раширете ги колку што е можно повеќе, за да го проширите центарот за рамнотежа. Исто како што тоа го прават и пингвините.