Тригодишно девојче повредено во сообраќајна несреќа во Скопје

Вчера во 16.30 часот во село Батинци, скопско, И.А.(20) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки удрил во тригодишно девојче.

По незгодата, девојчето е пренесено во Градската општа болница Св.„Наум Охридски“ каде се констатирани тешки телесни повреди.