Трибина за согледување на можностите кои ги нуди индустриската зона Визбегово

Здружението на стопанственици на индустриската зона Визбегово, во непосредна близина до Скопје, ќе организира трибина на тема: Согледување на можностите, поволностите и предностите кои ги нуди оваа индустриска зона. На трибината се повикани, покрај претставници на компаниите кои веќе работат во оваа зона и претставници на локалната власт од општините Карпош, Бутел, Чучер Сандево и Градот Скопје.

На трибината, ќе бидат претставени реализираните активности на здружението кое ја стопанисува индустриската зона, во насока на подобрување на условите, како и планот за работа во претстојната 2016 година. За трендовите во претприемништвото и менаџментот ќе се обрати Јован Маџовски, кој е регионален менаџер на компанијата CEED во Македонија, Албанија, Србија, БиХ и Молдавија.