Три жени од Скопје каснати од кучиња-скитници

Во Полициската станица Центар, вчера во 9:40 часот, В.Б.(48) од Скопје пријавила дека на завчера околу 12.20 часот додека се движела по ул. „Орце Николов“, била нападната од повеќе кучиња-скитници од кои едното ја гризнало за коленото од десната нога. 

По нападот, таа отишла во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде и била укажана лекарска помош.

Во Полициската станица Ѓорче Петров, синоќа во 20:50 часот  Т.Ј.(55) од Скопје пријавила дека околу 18:30 часот додека се движела по улицата „Лука Геров“ била касната од куче-скитник за левата нога.

Во Полициската станица Ѓорче Петров, синоќа во 21:15 часот Д.Н.П.(34) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 18.00 часот додека се движела по улицата „Лука Геров“ била касната од куче-скитник за десната нога.