Три скриени извори на стрес поради кои се чувствувате лошо

Работата, обврските и семејните проблеми се најчестите извори на стрес за кои сме свесни, но треба да обрнеме внимание и на оние, скриените извори на стрес.

1. Не внимавате на исхраната

Често забораваме дека психичкиот стрес произлегува и од физичкиот стрес, а него пак, го предизвикува лошата грижа за телото и здравјето. Една од главните компоненти на доброто здравје е правилната исхрана. Тоа пред се` значи дека мора да јадете разновидна храна, но не заборавајте и дека храната морате редовно да ја внесувате во организмот

Не ги прескокнувајте оброците и не обидувајте се здравата храна да ја замените со брзи закуски без никаква хранлива вредност, бидејќи така само ќе му нанесете штета на своето физичко, но и психичко здравје.

2. Премногу сте критични кон себе

Живееме во конкурентно општество кое понекогаш не` тера да си наметнеме нереални очекувања. Кога не можеме да исполниме нешто, си стануваме најлош критичар и непријател на себе. Се чувствуваме како да не сме доволно добри, а сето тоа се случува поради целите кои и онака всушност не биле наши. Престанете да се критикувате себеси, редовно потсетувајте се на вашите квалитети и животот креирајте го според сопствените желби, а не според туѓите.

3. Немате сила за да ги исфрлите токсичните пријатели од својот живот

Тешко е да се прекинат односите поради кои не се чувствуваме добро, но тоа е болната работа која секоја личност треба да ја направи и која на крајот ќе ви донесе позитива во животот. Имате пријатели кои постојано ве критикуваат, не се радуваат на вашата среќа и ве поттикнуваат на лоши одлуки? Тие се токсични луѓе кои не треба да бидат во ваша близина.