Три ситуации во кои најдобро ќе ги запознаете луѓето: самотијата, страста и новите околности

Човек најдобро ќе го запознаете во три ситуации:

Во самотијата – бидејќи тогаш е сам со своите маани и доблести

Во страста – бидејќи тогаш заборава на правилата

Во новите околности – бидејќи тогаш ги напушта своите навики

Нашиот живот е составен од угорници и удолници, успеси и разочарувања, радости и трагање, знаења и глупости. Животот е толку богат со настани и разновиден, така што често велиме дека можеме книга да напишеме. Секој од нас има своја приказна.

За една личност, нашиот живот може да делува интересен и богат, а ние да сме депресивни. За други пак, нашата патека е нејасна и тешко може да се разбере.

Болката е чест дел од нашиот живот, но некако тешко се навикнуваме на неа. Се прашуваме дали и како сме ја заслужиле и сакаме што побрзо да ја избркаме од животот. Најтешката болка доаѓа од оние кои највеќе ги сакаме и во кои имаме највеќе доверба. Често животот ни удира шлаканици, и тогаш наместо да научиме нешто за себе и за другите луѓе, ние продолжуваме по старо.

Тешко е да ги запознаеме луѓето бидејќи често го кријат своето вистинско лице, своите мисли и ставови. Но, постојат три ситуации во кои можеме најлесно да го откриеме нивниот карактер.

Кога се сами

Кога сме сами со себеси, трезвено погледнуваме на болните работи, ги сфаќаме нашите искуства и учиме важни лекции. Нашата свест зборува за нас во потполна тишина. Иако ретко ги кажуваме гласно, сепак сфаќаме многу работи за нас и сфаќаме дека само осаменоста и искрениот разговор со себеси можат да ни помогнат да научиме многу.

Во страста

Тогаш забораваме на правилата. Тогаш сме како снајперисти, ја гледаме целта, но не ги гледаме препреките. Во таквите моменти, ги разголуваме своите мисли и душа. Треба да се плашиме самите од себе во таквите моменти, бидејќи така го обелоденуваме својот карактер. Ние бираме како да живееме, што правиме и со кого комуницираме. Ние ја пишуваме сопствената приказна, заснована на личните искуства и надежа, а налетите на страста се исто така наш избор.

Во нови околности

Луѓето се робови на навиките. Луѓето можат да се навикнат на се и сешто – и добро и лошо. Но, во новите околности највеќе се гледа карактерот на луѓето. Тогаш се гледа како тие лесно се откажуваат од старите навики, и како ги прифаќаат новите. Се гледа како се носат со успесите, но и неуспесите.