Три сита...

Некој човек дошол кај својот учител, па му рекол:
-Дали знаеш, што за тебе кажа твојот пријател?

Чекај, го прекина учителот, најпрво, просеј го тоа што ќе го речеш низ три сита.
-Три сита? Зачудено прашал човекот. Пред да кажеш било што, прво мора тоа да го просееш низ ситото на вистината. Дали си сигурен во тоа што сакаш да ми го кажеш? Прашал учителот.
-Па не, јас тоа само го чув, одговорил човекот.

Во ред, значи не знаеш дали тоа е вистина или не. Сега, ќе го просееме тоа што сакаш да ми го кажеш низ ситото на добрината. Дали тоа што сакаш да ми го кажеш е нешто добро за мојот пријател? 
-Не, напротив...
Значи, ти сакаш да ми кажеш нешто лошо во врска со него, а при тоа не си сигурен дали тоа е вистина? 

Ајде да го пробаме и третото сито, ситото на користа. Дали е неопходно да го чујам тоа што сакаш да ми го кажеш? 
-Не, воопшто не е неопходно, одговори човекот. 

Така значи, заклучи учителот, во тоа што сакаш да ми го кажеш, нема вистина, добрина ниту потреба. Зошто тогаш  воопшто сакаш да ми го кажеш, запраша учителот.