Три села во скопско отсечени поради снежните врнежи

Патниот правец кој води до селата Малино, Брест и Танушевци во општина Чучер Сандево од викендот е блокиран поради снежните врнежи, информира Центарот за упрвување со кризи на Град Скопје.

Во моментов во сите три села има електрична енергија и ќе се испратат екипи на терен.

Секоја година кога ќе заврне снег, ова се првите села кои се отсечени во скопскиот регион.