Три рани знаци на рак на матката, кои жените ги игнорираат

Ракот на грлото на матката е една од болестите која сè почесто се јавува кај женската популација.

Од особена важност е жените да сфатат дека редовните гинеколошки прегледи се еден од најдобрите начини за одржување на сопственото здравје.

При таквите прегледи секогаш се извршува ПАП-тест преку кој, покрај другото, може да се утврди дали боледувате од рак на грлото на матката.

Сепак постојат неколку рани знаци кои укажуваат дека вашиот организам не е во ред и дека што побрзо треба да закажете гинеколошки преглед.

1. Нередовна менструација

Нередовната менструација може да биде симптом на рак, а може да се појави на средината од месечниот циклус или после секс. Ако крвавењето трае подолго од вообичаеното, или е во форма на дамки, исцедок или слично, не двоумете се дали да го посетите матичниот гинеколог.

2. Необичен вагинален исцедок

Постојат неколку видови на исцедок кои покажуваат дека нешто не е во ред со вашиот организам:

  • блед
  • водест
  • миризлив и
  • исцедок обоен со крв

Болки во карлицата

Овие болки може да се појават во најразлични ситуации, но доколку се чести за време на сексуалните односи може да укажуваат на развој на рак на грлото на матката.

Освен овие знаци постојат и други кои се појавуваат нешто подоцна:

  • болки во карлицата или грбот
  • отекување на едната или двете нозе
  • замор
  • губење на тежина
  • отежнато извршување на физиолошките потреби