Три лица тешко повредени во сообраќајки во Скопје

Три лица се здобиле со тешки телесни повреди, пет се полесно повредени во шест од регистрирани девет сообраќајки во изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје.

Во три незгоди е причинета само материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција санкционирала 12 возачи заради движење со брзина поголема од дозволената, осум без возачка дозвола, односно нерегистрирано, како и 10 возачи кои при возење не користеле сигурносен појас или користеле мобилен телефон. Затекнати се 45 непрописно паркирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се вкупно 72 возила.