Три лица биле физички нападнати на повеќе локации низ Скопје

Три лица биле физички нападнати на повеќе локации низ главниот град, информираат од МВР.

Случаен минувач пријавил дека на бул.„Борис Трајковски“ забележал машко лице со повреда на главата и обилно крварење. Се работело за 30 годишен маж, кај којшто биле констатирани тешки телесни повреди. Тој раскажал дека брат му го удрил со тапиот дел од секирата, а подоцна предметот бил пронајден во нивната семејна куќа.

Вториот случај на физичко насилство бил забележан вчера на автобуска постојка на ул. „Босна и Херцеговина“ . Деветнаесет годишниот Ј.Р. од Скопје пријавил дека физички бил нападнат од страна на повеќе непознати лица. Тие го удриле со камен во пределот на лицето со што се здобил со видлива повреда.

Истиот ден, 61 годишен (З.Л.) маж , физички бил нападнат на крстосница на улицата „Владимир Комаров“, од страна на непознато лице. Од МВР информираат дека додека тој се движел со такси возило, во еден момент патничко возило со непозната реигстарска ознака му го попречило патот и се паркирало пред неговото возило. Излегло непознато лице, се доближило до возилото, ја отворило вратата и во еден момент со тупаница го удрил во пределот на брадата, од што се здобил со видлива повреда.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи.