Три капитални проекти во Ѓорче Петров за идната година

Советот на Град Скопје на својата 56-та седница го усвои Предлог-буџетот на Град Скопје за 2016 година.

Буџетот на Град Скопје за 2016 година изнесува 6,9 милијарди денари, што претставува зголемување од 16 проценти во споредба со Буџетот на Град Скопје за 2015 година. Основниот буџет на Град Скопје за 2016 година изнесува 4.798.816.000 денари.

- Станува збор за буџет кој е правен во транспарентна постапка за потребите на град Скопје и неговите жители. Станува збор за развоен буџет со голем број  капитални проекти и инвестиции кои значително ќе го подобрат животот на жителите на град Скопје. Со него се опфатени проекти во сите области на општеството: урбанизмот, сообраќајот, образованието, екологијата, културата, спортот, енергетската ефикасност, промоција на туризмот во Скопје, изјави градоначалникот Трајановски во неговото обраќање пред советниците.

Во буџетот се планирани неколку значајни капатални проекти за општината Ѓорче Петров, а од нив најважни се:

Продолжување на проектот за реконструкција и проширување на булевар Партизански одреди до кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле", Продолжување на проектот за пробивање на тесните грла на улицата Борис Сарафов, Реконструкција на дел од улицата Ѓорче Петров.

Буџетот на Град Скопје за 2016 година е правен во долга и транспарентна постапка, во чија подготовка се вклучија сите политичка партии застапени во Советот на Град Скопје