Три грешки што секоја жена ги прави во врската

Понекогаш, кога човек сака да ја подобри врската, имајќи најдобри намери, тогаш се случува да ги направи најголемите грешки.

Сите правиме грешки во врските и тоа е сосема човечки.

Но, има начини како да ги подобриме нашите врски без да им наштетуваме.

Еве неколку грешки кои обично жените ги прават во врската и совети како да не ги правите повеќе.

Имате очекувања дека тој треба да биде тоа што вие сакате да биде.

Кога ќе очекувате тој да ги исполнува сите нереални очекувања, тој секогаш ќе ве разочарува. Научете кога е океј да имате очекувања од него, а кога не. Да, сфаќаме дека сакате да го оствари својот потенцијал, но тоа и штети на вашата врска.

Се надевате дека ќе се промени и се надевате дека врската ќе биде подобра.

Ова постојано се случува. Надежи дека се ќе биде подобро. Надежи дека мажот еден ден ќе се разбуди со големото откровение дека ве сака и дека ќе сака да учи и да се развива заедно со вас. Хм, ова и не се случува обично. Надевањето дека ќе се подобри врската само со надевање е лошо за врската.

Му помагате кога тој не го побарал тоа од вас

Ако вашиот маж сака помош од вас, тој ќе побара помош од вас. Однесувајте се кон него како возрасен човек и верувајте му дека кога ќе му треба помош ќе ја побара од вас.