Три дена се трага по исчезната малолетничка

Веќе трети ден откако е исчезната малолетната Д.Л. од Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение, а освен за исчезнувањето нови информации нема. Од до сега објавените единствено е познато кога исчезнала:

-На 19.03.2020, во 13:00 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение на улица „Анте Хаџимитков“ во Скопје се оддалечила нивната штитеничка. Станува збор за Д.Л.(17) од Скопје, стои во соопштението од МВР.

Ова не е прв ваков случај. Штитеници на оваа здравствена установа исчезнувале и по неколкумина за само една недела. До сега јавноста нема слушнато за соодветна стратегија од надлежните за одржување на безбедност и спречување на вакви несакани инциденти.

Од МВР за конкретниот случај велат се преземале мерки за пронаоѓање на лицето.