Три деца со мали сипаници се во тешка состојба, минатата недела 120 нови заразени

Тринеделно новороденче е најмладиот пациент со морбили хоспитализирано на Клиниката за детски болести. Заразата ја добило од мајката.

Во оваа здравствена установа на болничко лекување имаат 15 бебиња со мали сипаници од кои едно е на апарати за дишење а уште две се во тешка состојба и се наоѓаат на одделот за интензивно лекување. Педијатрите алармираат дека епидемијата зема замав и секој ден имаат по некој заболен пациент.

-Имаме една група на новородени и доенчиња каде и мајките се заболени од морбили и имаме хронично болни кои поради други заболувања или подготовка за терапија за претходни дијагнози заболеле од морбили, вели др. Кети Ставриќ.

Малите сипаници го спречија и лекувањето на бебе  кое имало вродено заболување на црниот дроб.

Неколкумесечно бебе на кое трбало да му биде направена трансплантација на црниот дроб заболело од морбили. Наместо во странство, викендот било хоспитализирано на Клиниката за детски болести.

Од детска клиника потврдуваат дека дел од бебињата заболеле и во здравствени установи кога оделе на други прегледи.

-И покрај сите мерки што ги преземаме, сепак, не може да не дојде до контакт и да не заболат и други пациернти што ги лекувме овде бидејќи ова е многу контагиозно заболување, вели Ставриќ.

Преполно со заболени од морбили е и на Инфективна каде имаат 54 хоспитализирани пациенти од кои во потешка состојба се две деца и двајца возрасни. Од клиниката велат дека е во добра состојба заболената трудница која е пред породување. На утрешиот состанок на Комисијата за заразни болести епидемиолозите треба да одлучат дали ќе прогласат епидемија во цела држава поради големиот број на невакцинирани деца во внатрешноста. Инаку според податоците од МАЛМЕД, од почетокот на годината досега во Агенцијата стигнале само 4 пријави на несакани реракции од МРП вакцината, кои според лекарите се вообичаени. Во принавите било наведено температура, осип на телото, чешање и намалени тромбоцити.

air max 90 essential sale