Три деца на Клиниката за детски болести во сериозна здравствена состојба

Тројца од 17 пациенти хоспитализирани на Клиниката за детски болести во Скопје се во сериозна состојба како резултат на компликации од сезонскиот грип. Сите три случаи, покрај сезонски грип, боелдуваат и од некои други болести.

Директорот на оваа клиника изјави дека ниту еден од нив не е на апарати за дишење, а состојбата на 14-мината други пациенти е под надзор на медицински тимови.